Манџукиќ не мрда од Јувентус, потпиша до 2020 година

Бешикташ испрати мега-понуда и само за момент се понадева дека ќе може да стигне до услугите на Марио Манџукиќ. Сепак, сите шанси за реализација на ваков трансфер исчезнаа попладнево, откако беше обелоденето дека хрватскиот голгетер потпиша нов договор со Јувентус, со важност до 2020 година.

Актуелниот договор на Манџукиќ истекуваше во 2019 година и „старата дама“ немаше потреба од брзање, но продолжувањето на соработката претставува награда за Хрватот за извонредните настапи сезонава. Манџукиќ со доаѓањето на Игуаин од позицијата централен напаѓач беше преселен на левата крилна позиција, но и таму дава се од себе, не само постигнувајќи голови, туку и со значајна помош во играта во дефанзива.

Горд сум што ќе останам во Јувентус уште неколку години, пресреќен сум што ми беше понуден нов договор и без многу размислување ја прифатив понудата“ – изјави Манџукиќ, кој е дел од „старата дама“ од 2015 година, кога дојде во Торино од редовите на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...