Мареј пак се избламира, сега „дома“ во Квинс

Енди Мареј продолжи со разочарувачки игри во 2017 година откако најдобриот светски тенисер претрпе уште еден неочекуван пораз, овојпат на турнирот во Квинс кој важи за „домашен“ за Британецот.

Мареј за противник на стартот го имаше Џордан Томпсон (90. на АТП-листатА), кој стигна на главниот турнир како „лаки лузер“, но австралискиот тенисер одигра одлично и сосема неочекувано го зеде скалпот на големиот фаворит.

Претходно, својот настап во Квинс прерано го заврши и Стен Вавринка, губејќи со 0-2 од Фелицијано Лопез, додека Виктор Троицки по голема битка славеше со 2-1 во српската пресметка против Јанко Типсаревиќ.

Се вчитува...