Мареј се посрамоти, загуби добиен меч во Монте Карло - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
18/10/2017 18:32
Фудбал
18/10/2017 17:40
Фудбал
18/10/2017 16:37
Фудбал
18/10/2017 16:29

Мареј се посрамоти, загуби добиен меч во Монте Карло

Мареј се посрамоти, загуби добиен меч во Монте Карло

Енди Мареј прерано е елиминиран од турнирот во Монте Карло откако првиот светски рекет сосема неочекувано загуби од Алберт Рамос Винолас со 1-2 во сетови. Британецот, кој на овој турнир се враќа на терените по незгодната повреда на лакотот, се посрамоти откако се наоѓаше на работ на победа, но дојде до голем пад во неговата игра и сензационален пораз од тенисерот кој никогаш досега во кариерата не победил прв носител на еден Мастерс-турнир.

Откако по два сета резултатот гласеше 1-1, во решавачкиот сет Мареј дојде до огромна предност од 4-0. Сепак, кога сите очекуваа лесна завршница за првиот светски рекет Мареј влезе во серија на грешки, Рамос Винолас се врати и го доби сетот со 7-5.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Марин Чилиќ, кој славеше со 2-0 во сетови против Томаш Бердих (6-2, 7-6).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.