Марко Николиќ по двојната круна си поднесе оставка во Партизан

Марко Николиќ ги шокираше навивачите на Партизан со одлуката да го напушти кормилото на оваа екипа само неколку дена по осигураната двојна круна и прекинот на доминацијата на големиот ривал Црвена звезда. Николиќ е најзаслужниот за овој голем успех откако кон средината на август дојде на клупата на Партизан по очајните игри во квалификациите за Лигата на Европа и на стартот од Супер-лигата. Тој експресно создаде победничка атмосфера, па Партизан со фантастична серија од 37 средби без пораз ја престигна Црвена звезда и ја освои најпрвин титулата во првенството, а потоа со победата над вечниот ривал стигна и до куп-трофејот.

ФК Партизан со жалење ја известува јавноста дека првиот тренер Марко Николиќ денеска си поднесе неотповиклива оставка од својата функција. Во искрен и пријателски разговор тој истакна дека чувствува потреба за нов личен и професионален предизвик, тој се заблагодари на исклучително плодната соработка.  Ние како кллуб искажуваме разбирање за неговата желба за професионален ангажман во странство и сакаме да му посакаме многу среќа во работата во иднина“ – се вели во соопштението на Партизан.

Српските медиуми најавуваат дека Николиќ веќе ја има договорено својата преселба на клупата на унгарскиот прволигаш Видеотон, кој му понудил на трофејниот стратег понуда за двогодишна соработа за плата од 1,2 милиони евра по сезона.

Се вчитува...