Марсениќ го избра Фуксе Берлин

Мијајло Марсениќ ќе ја продолжи својата кариера во Фуксе Берлин, откако ја избрал понудата на овој клуб пред онаа на европскиот вицешампион Пари сен Жермен. Пивотот станува слободен играч по истекот на договорот со Вардар, финансиските проблеми на „црвено-црните“ придонесоа тој воопшто да не добие нов договор, а челниците на Фуксе се пофалија дека излегле како победници од трката по неговите услуги.

Мијајло Марсениќ доаѓа кај нас. Тој е тип на играч како што баравме, бидејќи игра одлично во одбраната, но исто така е и многу брз и агилен за својата височина. Пресреќни сме што од сите понуди тој ја избра токму нашата“ – изјави претседателот на Фуксе Берлин, Боб Хенинг.

marsenic

Лидерот во Бундес-лигата го потврди и заминувањето на Петар Ненадиќ, кој во јануари се сели во Веспрем, како и потписот на Симон Ернст од Гумерсбах.

Се вчитува...