Металург без Кузмановски и против Чеховски медведи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Металург без Кузмановски и против Чеховски медведи

Металург без Кузмановски и против Чеховски медведи

Филип Кузмановски нема да може да му помогне на Металург ниту на утрешниот дуел против Чеховски медведи, што македонскиот првак ќе го игра утре во Русија во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец се повреди пред десетина дена, на дуелот од СЕХА-лигата против Загреб, а по дуелот со Мотор во Украина тој ниту утре нема да му биде на располагање на тренерот Александар Јовиќ.

„Металурзите“ утрово заминаа за Русија, со летови преку Виена до Москва, од каде со автобус ќе се упатат до Чехово. Лино Червар повторно не е дел од стручниот штаб поради обврски кон хрватската репрезентација, но Јовиќ ќе се обиде да го повтори успехот од последниот меч во Украина, каде Металург остана непоразен на гостувањето против фаворитот Мотор.

Македонскиот вицепрвак по четири одиграни кола се наоѓа на петтото место во групата со три бода, а зад „металурзите“ се наоѓа единствено утрешниот ривал Чеховски медведи, кој има четири порази во првите четири натпревари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.