Металург останува непоразен во суперлигашкиот плеј-оф - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
22/08/2017 22:22
Кошарка
22/08/2017 20:10
Кошарка
22/08/2017 15:25
Меѓ. Фудбал
22/08/2017 13:31

Металург останува непоразен во суперлигашкиот плеј-оф

Металург останува непоразен во суперлигашкиот плеј-оф

Металург славеше победа на гостувањето во Велес против Борец со 32-35 и ја продолжи победничката серија и во четвртиот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф. Решавачката предност, „металузи“ ја направија уште во првото полувреме кога се одлепија и не му дозволија на домаќинот да им ја загрози четвртата победа во серија.По изедначената игра во првата четвртина, ракометарите на Металург постигнаа четири гола во серија  и поведоа со 14-18, а на одмор заминаа со предност од 16-19.

„Металурзи“ го одржуваа ритамот и ефикасноста во нападот и во второто полувреме во кое стигнаа и до највисоки +7 (23-30). Борец настојуваше да се врати во игра, но до крај успеа само да го ублажи поразот на конечните 32-35.

Немања Обрадовиќ постигна осум гола и одново беше најефикасен играч во составот на Металург. Исто толку голови за Борец постигна пикерот Игор Павловски.

Во следното коло од плеј-офот, Мерталург го пречекува Еурофарм Работник, а Борец ќе му гостува на Вардар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.