Металург реагира до ЕХФ: Верувавме во правда, но ова е скандал! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

Металург реагира до ЕХФ: Верувавме во правда, но ова е скандал!

Металург реагира до ЕХФ: Верувавме во правда, но ова е скандал!

Раководството на Металург не го криеше разочарувањето од одлуката на Арбитражната комисија при ЕХФ, која го прогласи Немања Обрадовиќ за слободен играч, давајќи зелено светло за неговиот трансфер во редовите на Висла Плоцк без притоа македонскиот клуб да добие отштета за својот лански ракометар. „Металурзите“ цело време тврдеа дека имаат двогодишен договор со Обрадовиќ валиден и за оваа сезона, но ЕХФ не ги прифати нивните аргументи.

Сакаме да ве информираме дека нашето разочарување нема граница. Огромно е бидејќи знаеме дека сме целосно во право за „Случајот Обрадовиќ“. Верувавме во правда, особено во спортот каде таа треба да биде „најчиста“. Ова е скандал, невиден скандал“ – се вели на почетокот од реакцијата на македонскиот вицепрвак до одговорните луѓе во ЕХФ.

Според „металурзите“, овој преседан е најава за опасност за сите клубови во иднина кои нема да можат да ги заштитат договорите што ги имаат со своите играчи.

Каква порака се испраќа со оваа одлука до сите клубови кои се борат за свое место под сонцето. Која е поентата на потпишување на договори со ракометарите кога тие не се ефективни, а одлуките потоа се носат на сила, а не според принципот на правдина. Дали ова значи дека и актуелните играчи на Металург можат да бидат потпишани од било кој друг клуб во било кое време, иако имаат договори со нашиот клуб. Ситуацијата е јасна, Обрадовиќ и неговиот агент имаа договори со два клуба истовремено, но кога очекувавме правдата да се задоволи беше казнет клубот кој беше во право – Металург. Нема никаква смисла и не е фер, ова не е начин да се гради ракометно европско семејство“ – порачуваат од РК Металург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.