Миркуловски е херојот на Вецлар во Купот на Германија

Филип Миркуловски е најзаслужниот што Вецлар не дозволи никакво изненадување на стартот од натпреварувањето во Купот на Германија, откако бундеслигашот по тешка битка славеше со 31-29 над екипата на Констанц. Нисколигашот во неизвесна завршница успеа да стигне до израмнување (29-29), пред македонскиот репрезентативец со два гола да му ја донесе победата на Вецлар. Миркуловски го заврши овој натпревар со четири погодоци и беше меѓу најефикасните во својата екипа.

Некар Левен веќе се пласираше во осминафиналето, откако тимот на Филип Талески во два дена забележа две победи. „Лавовите“ најпрвин триумфираа над Балинген со 41-28 (Талески постигна два погодоци), за денеска да забележат лесна победа и над Ајсенах со убедливи 41-30.

Се вчитува...