Миркуловски: Останувам во Вецлар, рано е за враќање во Македонија

Филип Миркуловски останува во Германија и во наредната сезона ќе го носи дресот на Вецлар. Актуелниот договро со Вецлар му истекува во јуни, но, Германците му понудија продолжување на соработката и нов едногодишен договор.

Останувам во Вецлар уште една година. Начелно веќе се договоривме со клубот, треба само да се средат деталите и денеска или утре да го потпишам договорот. Добро ни е овде и засега нема потреба за промена на средината“ – вели Филип Миркуловски.

По одлуката да се врати и да и помогне на репрезентацијата за настапот на СП во Франција, се појавија и бројни шпекулации дека репрезентативниот бек може да се врати во Металург. Но, новиот договор со Вецлар, става крај на сите комбинации и нагаѓања. Германија и Бундеслигата се прв избор, а враќањето во Македонија останува за понатаму.

Рано е завраќање дома“ – со насмевка одговори Миркуловски.

Македонскиот бек моментно е на принудна пауза поради обновената повреда на мускулот на ногата. Миркуловски ја влече повредата од СП во Франција, а состојбата се влоши на првиот меч во Вецлар против Мелсунген. Лекарските прегледи потврдија дека се работи за истегнување на мускулот и на Миркуловски му следува тринеделна пауза за комплетно санирање на повредата.

Се вчитува...