Мохамед Али падна на допинг тест

Младиот британски боксер кој го носи истото име со славниот Мохамед Али, супсендиран е на две години поради употреба на допинг. „Вистинскиот“ Мохамед Али сигурно би се срамел од својот „имењак“ бидејќи 21-годишниот Британец потфрли уште на стартот на својата кариера.

На допинг-тестот извршен во април минатата година во неговиот примерок е пронајдена забранетатат супстанца – трендолон, поради што Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) му изрече ригорозна казна.

Пронајдени се два нанограма од супстанцата, не можам да објаснам од каде“ – изјави 21-годишниот боксер.

Тој тврди дека сакал да ја намли тежината, а не да ја зголеми, па затоа уште почудно е што е позитивен на оваа супстанца со која се зголемува мускулната маса.

Тешко го доживеав сето ова, мислев дека ќе бидам суспендиран најмногу шест месеци. Но, ќе се опоравам и ќе се вратам“ – изјави Британецот.

Мохамед Али ја преставуваше Велика Британија на ОИ во Рио, но не се прослави многу во својот настап бидејќи беше елиминиран уште во првото коло, во категоријата до 52 килограми. Во 2016 година, тој беше и европски вицешампион.

Се вчитува...