Моментите од ЕВРО 2016: Португалија го освои континентот, Англија разочара, Исланд одушеви…

Летото господово 2016 го донесе и Европското првенство во фудбал во Франција, а тоа со себе донесе големи изненадувања, многу фудбалски мајстории, но и разочараност кај дел од фановите. Португалија стана европски првак, Англија беше големо разочарување, додека пак Исланд ја изненади пријатно цела Европа.

Ова се дел од моментите кои го одбележаа ЕП…

ПОРТУГАЛИЈА – ЕВРОПСКИ ПРВАК

pORTUGALIJA

Сосема неочекувано, Португалија ја покори фудбалска Европа и го освои пехарот во ова натпреварување, откако во финалето ја совлада Франција 1-0, после продолженијата. Едер беше човекот на одлука, кој одлично шитураше од 25 метри и донесе голема радост за целата португалска нација. Тимот предводен од Кристијано Роналдо не прикажуваше супериорни партии, со кои би најавиле дека ќе бидат европски прваци. Селекцијата на Фернандо Сантош се провлекуваше низ сите натпревари со мала доза на среќа, но на крајот ја освои титулата. И без Роналдо, кој се повреди во финалето, Португалците успеаја да го покорат континентот.

АНГЛИЈА – НАЈГОЛЕМОТО РАЗОЧАРУВАЊЕ НА ЕВРО 2016

Anglija 

Фудбалската репрезентација на Англија дојде како еден од фаворитите за освојување на пехарот од ова натпреварување, но момците на Рој Хоџсон тотално потфрлија. Хари Кејн, Џејми Варди, кои беа во извонредна форма во своите клубови, не покажаа ништо на ова европско натпреварување. За разочарувањето да биде поголемо, тие беа елиминирани од Исланд, селекцијата која пред стартот беше еден од најголемите аутсајдери. Англичаните доживеаја ново разочарување и ќе чекаат најмалку уште неколку години за да ги вратат моментите на слава.

ИСЛАНД – НАЈПРИЈАТНОТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ 

island radost

Дојдоа како големи аусајдери, заминаа како витински херои и „лавови“ на теренот. Репрезентацијата на Исланд го изненади целиот фудбалски свет, со својата желба за надигрување со најголемите, страста и поврзаноста со навивачите. Националниот тим на оваа мала држава прикажуваше одлични партии, а во нокаут фазата ја елиминира и фаворизираната селекција на Англија со 1-2. Исландските фудбалери по завршувањето на ЕВРО 2016 во својата држава беа пречекани како големи херои.

МОМЕНТОТ КОГА ЗАТРЕПЕРИ ЦЕЛИОТ СВЕТ – ПОРТУГАЛСКО МОМЧЕ ПРЕГРНУВА РАСПЛАКАН ФРАНЦУЗИН

PORTUGALEC I FRANCUZIN

Иако фановите на спротивставените страни, најчесто не покажуваат респект кон себе и противниците, и постојано навлегуваа во инциденти, така не беше и после финалето меѓу Португалија и Франција. Домашната селекција имаше за што да жали, затоа што загубија на 10 минути пред конечниот свиреж на главниот арбитар, во финалната пресметка што ја играа на своја почва. А сите погледи после мечот, беа насочени кон малото португалско момче, кое го прегрна расплаканиот Французин и почна да го теши за поразот на неговата селекција. Затоа е фудбалот најважната споредна работа на светот.

Се вчитува...