Монако бара 200 МИЛИОНИ ЕВРА за Мбапе

Најавите за рекордниот трансфер на Нејмар од 222 милиони евра експресно ги скокнаа цените и на останатите ѕвезди на светскиот фудбал. Така, раководството на Монако го процени својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе на 200 милиони евра, во надеж на фантастична заработка на овој талентиран голгетер.

Весникот „Л’Екип“ повикувајќи се на извори од раководството на „кнезовите“ тврди дека цената пораснала откако Монако веќе продал тројца свои фудбалери, Менди, Бакајоко и Бернардо Силва, за 150 милиони евра. Францускиот првак одлично заработил на трансфери летово, па веќе нема потреба да продава ниту еден свој фудбалер, освен доколку во „малото кнежевство“ не стигне понуда што нема да може да биде одбиена.

Затоа и експресно се пораснати и цените на Лемар, Фабињо и на останатите играчи на чие останување тренерот Жардим инсистира, за во случајот на Мбапе таа да изнесува неверојатни 200 милиони евра. Од оваа сума, Монако инсистира на 180 милиони евра при реализација на трансферот, а само 20 милиони можат да се поделат преку неколку клаузули.

Се вчитува...