МТВ нема да ги пренесува ЗОИ во Пјонгчанг

Македонската Телевизија нема да ги пренесува Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг од 9 до 25 февруари 2018. МТВ не ги откупила ТВ правата за територијата на Македонија од Discovery Communications, којшто ги има ексклузивните права за Олимписките Игри од 2018 до 2024 на територијата на Европа. Discovery Communications e сопственик на Eurosport, па преносите од ЗОИ во гледачите во Македонија ќе можат да ги следат само на овој спортски канал.

Но, од 1 јануари годинава Eurosport и другите ТВ канали на Discovery не се во програмските понуди на најголемите кабелски оператори Макс ТВ и Вип Оне, па Олимпијадата ќе ја гледаат единствено претплатниците на ТОТАЛ ТВ кој како дел од својата понуда ги има буквално сите европски и светски канали кои ќе ги пренесуваат Зимските олимписки игри.

ЛОИ и ЗОИ беа постојано присутни на програмата на Македонската Телевизија цели педесетина година, уште од времето на поранешната Телевизија Скопје.

Во изминатиот период МТВ загуби повеќе атрактивни спортски содржини (квалификации за СП и ЕП во фудбал, ЕП 2020 во фудбал, ЛШ и ЛЕ во фудбал, ЕП во ракомет, формула 1), но фудбалското СП во Русија ова лето не и е доведено во прашање.

Се вчитува...