МЗТ Скопје на „туризам“ во Подгорица

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (19 часот) во рамките од 20. коло му гостуваат на тимот на Будуќност, дуел на кој се освен убедлив пораз на македонскиот првак би бил огромно изненадување. „Металците“ веќе ги загубија сите шанси за бегство од дното на табелата, тимот на Лукајиќ игра очајно во регионалното натпреварување, па јасно е дека без оглед на најавите за добра игра нема што да бара на гостувањето против еден од најдобрите тимови во АБА-лигата.

Згора на тоа, Будуќност мора да победи за да ја задржи предноста во однос на Цедевита во битката за второто место на табелата, а МЗТ ќе биде без двајцата нови плејмејкери Крофорд и Нешовиќ (без право за настап во АБА), како и без повредениот Мајсторовиќ.

Без разлика што ќе настапиме без плејмејкерите, ќе пробаме да одиграме нешто ново во одбраната, каде е надевам дека ќе го подобриме индивидуалниот пристап. Сакаме да го подобриме впечатокот во АБА иако сме свесни дека против себе ќе имаме исклучително силен тим кој е меѓу најдобрите во лигата“ – изјави тренерот Лукајиќ во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...