Нант го победи ПСЖ, прва „француска“ титула за Лазаров

Кире Лазаров со екипата на Нант стигна до првиот трофеј во новата сезона. Нант го освои францускиот „Трофеј на шампионите“ ,по големата победа во финалето против ПСЖ со 32-26. Новиот клуб на Лазаров во два дена славеше две победи против двете водечки екипи во Франција. Во полуфиналето падна Монпелје, а потоа во финалето, Нант го надигра и силниот ПСЖ и амбициозно стартуваше во новата сезона.

Во победата на Нант за првата титула, Лазаров постигна четири гола од седум обиди, сите во второто полувреме. Најефикасни во составот на Нант беа Ниукас и Клер со по пет гола, но јунак на финалето дефинитивно беше голманот Сирил Думулин со 20 одбрани. На спротивната страна, голманите на ПСЖ немаа свој ден, Тиери Омејер запиша осум, а Родриго Коралес само една одбрана, додека во нападот лидер беше младиот француски репрезентативец, Недим Ремили со седум гола.

Се вчитува...