Наумоски со нов едногодишен договор со НФА Академијата од Кина

По одличната година која ја остава зад себе во НФА Академијата, која е една од најголемите асоцијативни членки на Кинеската фудбалска федерација, поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски ја продолжува соработката со Нанџинг фудбалската асоцијација (НФА).

Наумоски потпиша нов едногодишен договор со едукативниот центар на НФА, продолжувајќи ја својата тренерска кариера на Далечниот Исток.

„После една година успешна соработка, потпишав нов договор за уште една година“ – вели Илчо Наумоски.

Ilco Naumoski trening

Наумоски во Нанџинг е задолжен и за скаутинг на млади таленти во целата провинција од каде е и кинескиот суперлигат Џиангсу Сунинг чиј тренер е италијанската легенда Фабио Капело.

„Јас сум задолжен за едукација на тренери во рамките на НФА, работа со помладите категории фудбалери но и скаутинг на млади фудбалери во рамките на целата Нанџинг Џиангсу провинција, во кој склоп работи и кинескиот суперлигаш Џиангсу Сунинг чиј тренер е Фабио Капело“ – вели Наумоски.

Се вчитува...