НБА Олстар: Робинсон победник во очајните забивања!

Глен Робинсон е победник во натпреварувањето во забивање на НБА Олстар викендот кој се одржува во Њу Орлеанс.

Очајна ноќ во забивање, каква долго не се памети на НБА Олстар натпреварите, демонстрираа најдобрите северноамерикански атрактивци. На крајот победата ја однесе кошаркарот на Индијана кој во финалната рунда го победи кошаркарот на Феникс, Дерик Џоунс Јуниор. Последното забивање во изведба на Робинсон беше и најдобро на вечерта, но прилично му помогна и Џоунс, кој не успеа да забие во првиот обид.

Во полуфиналето претходно учествуваа уште и ДеАндре Џордан од ЛА Клиперс и Арон Гордон од Орландо. Додека Џордан имаше скромни забивања недоволни за финале, Гордон беше очаен. Сепак, направи и нешто ново бидејќи заби со помош на дрон, иако дури од четвртиот обид.

Robinson by situacijeliga

Се вчитува...