Нејмар мотивиран како пред ПСЖ: Јуве, ние се уште сме Барселона!

Бразилскиот интернационалец Нејмар е уверен дека неговиот тим може да се врати од трите гола негатива против Јувентус во реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони што в среда ќе се игра на „Камп Ноу“. Нејмар верува дека додека постојат минимални шанси за пласман понатаму, тогаш неговиот тим и може да успее во тоа. Напаѓачот беше сигурен дека Барса може да направи сензација против ПСЖ, и тоа и го сторија, враќајќи се по големиот пораз од 4-0. Сега се во слична позиција против Јувентус и сите се прашуваат дали Барселона има сили за уште еден историски пресврт. Нејмар вели дека има…

„Мора да веруваме дека можеме. Со такви мисли се подготвувавме и за ПСЖ, па испишавме историја. Ништо не е готово. Се додека судијата не отсвири конечен крај, ние имаме шанси. Пред неколку дена татко ми ми рече нешто што ми остана во главата. Ми кажа дека не е важно против кого играме и колкава негатива треба да бркаме, факт е дека другиот тим се соочува со Барселона, најдобриот тим на светот. Јувентус има добра екипа. Одлично се организирани во одбраната, уште подобри во нападот. Секако дека ќе биде тешко, но верувам во моите соиграчи. Немаме што да загубиме, но мораме да излеземе на теренот и да дадеме се од себе“ – изјави Нејмар.

Реванш мечот меѓу Барселона и Јувентус се игра в среда, со почеток од 20.45 часот, на „Камп Ноу“.

Се вчитува...