Несторовски ги налути навивачите: Ќе останеш ли и во Серија Б?

Илија Несторовски сезонава е единствена светла точка во тимот на Палермо, но слабите игри на целата екипа придонесоа навивачите остро да го нападнат и Македонецот. Сосема неочекувано, како повод им послужи велигденската честитка на Нестор-гол, кој меѓу другото им порача на верните навивачи на сицилијанскиот клуб дека „фудбалот е само игра“ и дека мора да се остане сплотен и кога се победува и кога се губи.

nestorgol na isntagram

Фудбалот е само игра, некогаш се случуваат добри моменти, некогаш лоши како што е сега во моментов, али само заедно можеме да излеземе од оваа криза како победници, никогаш не знаеме во животот ова лошо за какво добро може да биде. Фала ви на сите за поддршката, ние секогаш даваме максимум за овие бои, за овој клуб“ – напиша Несторовски на својот инстаграм профил, на италијански и на македонски јазик.

Најверните навивачи на Палермо се бесни на сите фудбалери, обвинувајќи ги за недоволно залагање на последните натпревари, на кои се појавија и транспарентите до играчите „Не го заслужувате овој дрес“. Во една таква тензична атмосфера и Несторовски се најде на удар, па дел од навивачите му возвратија на Македонецот.

Ова е тим на пропаднати играчи освен тебе и Рисполи. Сепак, би сакале да знаеме и дали ќе останеш со нас и во Серија Б“ – беа дел од коментарите на адреса на Нестор-гол.

Одличните игри на Македонецот придонесоа сериозен интерес за неговите услуги да искажат врвни клубови ширум Европа како Атлетико Мадрид, Севилја и Фиорентина, па речиси сигурно е дека Нестор-гол по завршувањето од сезонава ќе си замине од Палермо, потег со кој сигурно ќе ги разочара навивачите на сицлијанскиот тим.

Се вчитува...