Нокаут од кој долго нема да станеме (фотогалерија)

Македонија 30 минути со квалитетна игра во Талин покажа дека поседува квалитет, но се е попусто кога на крајот резултатот на семафорот беше во корист на Естонците, означувајќи го третиот пораз во претквалификациите за СП 2019.

Дека сме предалеку од нивото од Евробаскет 2013 ни беше јасно од претходно, но дека освојувањето на трето место во група со Естонија и Косово е тотално фијаско, тука нема никакви дилеми.

Уште неколку дена ќе се молиме Естонците да го потврдат својот квалитет и во Приштина, но доколку се остварат „црните прогнози“ и Косово слави на својот жежок терен, тоа ќе значи преселба во уште понизок ранг. А доколку се прашувате зарем има послаби, одговорот е потврден – ќе играме во друштво на Малта, Андора, Гибралтар… А тоа ќе биде нокаут од кој уште долго нема да можеме да застанеме на нозе.

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

Се вчитува...