Нова сензација во Монте Карло – После Мареј елиминиран и Вавринка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
22/08/2017 22:22
Кошарка
22/08/2017 20:10
Кошарка
22/08/2017 15:25
Меѓ. Фудбал
22/08/2017 13:31

Нова сензација во Монте Карло – После Мареј елиминиран и Вавринка

Нова сензација во Монте Карло – После Мареј елиминиран и Вавринка

По испаѓањето на првиот носител, Енди Мареј, на Мастерс турнирот во Монте Карло се случи уште едно изненадување – настапот го заврши и Стан Вавринка.

Швајцарскиот тенисер кој моментно е на третата позиција на АТП листата, беше поразен во третата рунда од Уругваецот Пабло Куевас со 6-4, 6-4.

Куевас одигра извонреден меч и со неколку интелигентни решенија целосно го исфрли од ритам својот противник. Решавачки беше првиот гем од вториот сет во кој ја искористи првата шанса, направи брејк и рутински го заврши мечот со триумф во два сета.

Мастерс турнирот во Монте Карло се игра за награден фонд од 4.2 милиони евра.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.