Одбиена жалбата, три меча суспензија за Мане - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Одбиена жалбата, три меча суспензија за Мане

Одбиена жалбата, три меча суспензија за Мане

Садио Мане ќе ги пропушти следните три англиски натпревари на Ливерпул како казна за црвениот картон заработен на премиерлигашкото дерби со Манчестер сити.

„Црвените“ испратија жалба до ФА со надеж дека ќе ја намалат автоматската казна што следи за секој директен црвен картон, но Дисциплинската комисија сепак реши дека стартот врз голманот Едерсон бил крајно остар и загрозувачки за противничкиот играч, па крилниот офанзивец нема да биде во комбинација за следните три меча, премиерлигашките дуели со Барнли и со Лестер, како и натпреварот од Лига-купот на Англија, на гостински терен против Лестер.

Мане ќе настапи за Ливерпул на утрешниот дуел од Лигата на шампионите, на домашен терен против Севилја.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.