Официјални состави: Вардар со Барсегјан во нападот, Зенит со Кокорин и Ѕјуба

Познати се официјалните состави. Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, ќе напаѓа со Тигран Барсегјан, зад него ќе биде креаторот Фелипе, а на страничните позиции се Дејан Блажевски и Џамбул Џигаури.

Во одбраната, капитенот Бобан Грнчаров ќе игра во тандем со Дарко Велковски на стоперските позиции, лево ќе биде Брдаровски, а десно Хамбарџумјан. Во средината на теренот ќе делуваат Бобан Николов и Никола Глигоров, а на голот е Гачевски.

Роберто Манчини ќе напаѓа со Артем Ѕјуба и со Александр Кокорин. Лунев е на голот, а во одбраната се Кришито, Мевлја, Ивановиќ и Мамана. Во средниот ред ќе делуваат Краневитер, Кузјаев, Нобоа и Полоз.

sostavi vardar - zenit

Се вчитува...