Османи: Доминиравме и заслужено победивме против Шкупи

Шкендија одигра одличен натпревар против Шкупи и славеше со 4-1, а „бонус“ доби од Прилеп, каде што Вардар загуби од Победа со 1-0. Тоа секако му причинува задоволство на шефот на стручниот штаб, Ќатип Османи, кој сепак зборува само за изданието на својот тим.

„Мислам дека сосема заслужено стигнавме до победа на денешниот дуел со Шкупи. Имавме доминација во поле, создадовме голем број шанси, и четири пати се тресеше мрежата на противникот. Ова е наш триумф кој секако не враќа психолошки на вистински колосек, а сега веќе се насочуваме кон следните искушенија во првенството“, изјави тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Се вчитува...