Отказ за Ивандија, Голужа ќе го води Загреб против Вардар

По елиминацијаат и катастрофалниот пораз од Веспрем во осминафиналето од Лигата на шампионите, дојде до смена на клупата на хрватскиот шампион, ППД Загреб. Управата на хрватскиот тим спогодбено го раскина договорот со тренерот Силвио Ивандија. До крајот на сезоната, Загреб од клупата ќе го предводи поранешниот хрватски селектор, Славко Голужа.

Под водство на Голужа, хрватскиот првак ќе му се спротивстави на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот од регионалната СЕХА лига на 7 април во Брест.

Силвио Ивандија, на клупата на Загреб дојде во октомври 2016 година на местото на Веселин Вујовиќ, но хрватскиот тренер не успеа да резултатски да го подигне Загреб, ни приближно како неговиот претходник.

Се вчитува...