Озил си ги пакува куферите, заминува од Арсенал - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

Озил си ги пакува куферите, заминува од Арсенал

Озил си ги пакува куферите, заминува од Арсенал

Месут Озил нема намера да потпише договор со Арсенал дури и доколку бидат прифатени неговите финансиски барања, откако германскиот ас се разочарал од управата на клубот и нејзините сомнежи дека тој не играл на последните натпревари поради повреда. Одличниот плејмејкер беше најавен во тимот за гостувањето со ВБА, но се пожали на болка во пределот на мускулот, по што не беше ниту меѓу резервите на гостувањето во Бирмингем.

Англиските медиуми повикувајќи се на извори од управата на клубот изразија сомнеж дека германскиот интернационалец воопшто е повреден, шпекулирајќи дека тој поради неуспешните преговори за нов договор тактизира и не сака ниту да биде резерва додека не е 100% подготвен (посериозна повреда би му ги нарушила шансите за трансфер). Озил се почувствувал навреден од ваквите шпекулации и уште повеќе ја зацврстил одлуката за заминување од таборот на „топчиите“.

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2018 година, па Арсенал ќе мора да го продаде за да не ризикува следното лето тој да си замине без никаква отштета. Баерн Минхен веќе неколку години се споменува со планови да го доведе Озил во своите редови, Јувентус исто така е подготвен да плати околу 50 милиони евра за Германецот, а не се исклучува ниту можноста за негово останување во Премиер-лигата, во Манчестер сити или Манчестер јунајтед.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.