Партизан ја „смрзна“ Ц. Звезда на „Маракана“: Мртва шампионска трка!

Партизан славеше со убедливи 1-3 на гостувањето против Црвена Звезда во 154-то вечно дерби на најдобрите два клуба во Србија. Триумфарајќи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, или далеку попрепознатливата „Маракана“, Партизан внесе вистинска неизвесност во трката за шампионската титула до крајот на сезоната.

„Црно-белите“ победата ја најавија уште во 21. минута со прекрасниот гол на Леонардо од слободен удар…

На почетокот на вториот дел, во 47. минута, Црвена Звезда израмни со погодокот на Боачи…

Но, веќе во 68. минута, по грешката на домашниот голман, Партизан повторно поведе со голот на Тавамба.

Конечната победа од 1-3 ја донесе Леонардо во 79. минута со својот втор погодок на мечот.

По овој триумф, Партизан со 40 бода се израмни со Црвена Звезда која исто така има 40 бода, но нешто подобра гол разлика.

Се вчитува...