Пелистер утре почнува со подготовки, Секуловски ќе биде нов тренер

Фудбалскиот прволигаш Пелистер и натаму е во хаотична состојба, откако поранешните акционери и општината си ја префрлаат топката околу долговите на клубот кон фудбалерите и многу други субјекти. Но, веќе крајно време е „зелените“ да почнат со зимските подготовки, па тоа треба да се случи во текот на утрешниот ден. Нов тренер треба да биде Марјан Секуловски, кој во изминатиот период градеше интернационална кариера, но се врати во Битола и ќе се нафати на предизвикот да обезбеди опстанок за битолскиот тим.

Големо прашање е кои фудбалери ќе ги има Секуловски на располагање. Во Пелистер останаа само битолските деца, а сите други фудбалери кои доаѓаа од друга средина веќе имаат исписница в рака или потпишаа за други клубови. Тоа значи дека изборот ќе биде значително скусен, а се очекува на прозивката да се јават голем број млади фудбалери, како и некои можни засилувања од Новаци.

Сепак, најважно е дека Пелистер конечно ќе ги започне зимските подготовки…

Се вчитува...