„Пелистерци“ во Охрид ги почнаа подготовките: Тренинг во сала, без Шенсои (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
24/09/2017 15:20
Фудбал
24/09/2017 15:23
Ракомет
23/09/2017 20:45
Ракомет
23/09/2017 19:04

„Пелистерци“ во Охрид ги почнаа подготовките: Тренинг во сала, без Шенсои (ФОТО)

„Пелистерци“ во Охрид ги почнаа подготовките: Тренинг во сала, без Шенсои (ФОТО)

И фудбалерите на Пелистер денеска во Охрид ги стартуваа зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот. Битолчани, веќе еднаш одложените подготовки, поради ниските температури ги стартуваа со тренинг во салата на СРЦ „Билјанини извори“ и без шефот на стручниот штаб Наџи Шенсои кој од утре ќе се приклучи со водство на тренинзите на тимот.

Во составот на Пелистер од првиот ден на подготовките се и најновите засилувања Баже Илијоски, Мартин Блажевски и Јасмин Мециновиќ, а дополнително се очекува приклучувањето на Бразилецот Фернандо Силва Дос Сантош.

fk pelister 2

fk pelister 4

Првата фаза од подготовките „пелистерци“ во следните две недели ќе ја одработуваат во нашиот најголем туристички центар, а веќе е договорен и првиот тест дуел на 18. јануари во Охрид против екипата на Шкендија, која исто така во тој период ќе се подготвува во Охрид.

ФОТО:www.ohridnews.com.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.