Победа ќе биде домаќин на Пелистер во Струмица

Пелагониското дерби на стартот од пролетниот дел од шампионатот во Првата лига ќе се одигра во Струмица. Победа денеска и официјално го избра Градскиот стадион „Младост“ во Струмица како терен на кој ќе му биде домаќин на Пелистер, во рамките на 19. коло кое се игра в недела, на 19. февруари, со почеток од 14 часот.

Победа од почетокот на сезоната нема можност да игра на Градскиот стадион во Прилеп, се пресели во Битола, но сега се градат соблекувалните и под „Тумбе кафе“, па така прилепчани треба да имаат нова селидба. Засега нивниот избор е Струмица и Градскиот стадион „Младост“.   

Се вчитува...