Победничко тренерско деби на Дибирова, Вардар го декласира Турингер

Вардар се врати во победнички ритам и во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе стартува од првото место во групата 1. Во последниот натпревар од главната фаза во ЛШ, вардарки пред својата публика слеавеа убедлива победа против Турингер со 36-26   .Со 15 бода по оваа победа, македонскиот шампион се врати на првата позиција на табелата пред Будуќност и ФТЦ кои се на второто и на третото место со по 14 бода. Четворката од оваа група што го продолжува настапот во Топ 8  во ЛШ, ја комплетира екипата на Мец која заврши на четвртото место со 10 бода.

Ова беше прва победа за Вардар по двата порази во серија во претходните два меча со Будуќност и со Мец, и победничко тренерско деби на Ирина Дибирова на клупата на „црвено-црните“.

zeni vardar-thuringer (3)

Екипата на Турнигер за која ова беше завршен настап во ЛШ сезонава, во Скопје допатува само со 11 ракометарки што однапред го стави Вардар во супериорна улога. Вардрки брзо ја потврдија фаворитската улога. Со серија од 5-0 уште по првата четвртина „црвено-црните“ имаа предост од 7-2. Сигурната игра во одбраната на Вардар не им оставаше многу простор на Германките кои 10 минути беа без погодок. А, тоа беше доволно за ракометарките на Вардар да се одлепи на +9 (18-9) на четири минути пред крај на првиот дел кој заврши со водство на „црвено-црните“ ОД 19-12.

IMG_5760

Второто полувреме за вардарки беше само рутински дел од натпреварот во кој имаа целосна контрола на играта и на резултатот. Македонскиот првак ефикасно ги користеше сите шанси и не така силниот отпор на Турнигер.Во 42.минута со  осмиот погодок на Јованка Радичевиќ, Вардар прв пат дојде на двоцифрена предност 27-17, а веќе во следниот напад Радичевиќ зголеми на +11. Победата во овој последен дуел, во ниеден момент не беше доведена во прашање. Турингер имаше дури 20 технички грешмки наспроти само седум  на „црвено-црните“ што е уште еден показател каков бепе односот на силите на денешниот меч. Апсолутната доминација, вардарки на крај ја ефектурираа со конечна победа со 36-26  со која одново ја израдуваа малубројната публика во „Јане Сандански“.

Јованка Радичевиќ беше прв стрелец во составот на Вардар со девет гола. По пет погодоци на за „црвено-црните“ постигнаа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ. Кај Турингер, најефикасна беше Ивета Лузумова со седум гола.

По завршувањето на главната фаза следува пауза во натпреварите во Лигата на шампионите и неделата на ЕХФ за репрезентативните подготовки. Првиоит натпрвеари од четвртфиналето во ЛШ е на 7/9 април, а реваншите ќе се играат наредниот викенд 14/16 април. Вардар како првопласиран во групата 1 за противник ќе го има четвртиот од Група 2, најреален исход е на таа позиција да заврши данскиот Митјиленд кој денеска славеше против Крим со 29-21 или актуелниот европски шампион ЧСМ Букурешт доколку Романките утре го загубат завршниот меч против последнопласираниот Есбјерг.

Се вчитува...