Полуфинале за Ѓорческа во двојки на турнирот во Швајцарија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, заедно со Бугарката Александра Најденова, во конкуренција на двојки, обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Киасо, Швајцарија. Во четвртфиналенто, Ѓорческа/Најденова славеа против Швајцарките Албон и Канел со 6-3, 6-2.

За пласман во финалето, македонско-бугарската двојка ќе игра против француско-швајцарската комбинација Гергес/Сињо.

Претходно, Лина Ѓорческа во сингл избори пласман во четвртфиналето на турнирот во Киасо, со победата над Кјара Грим од Швајцарија со 6-2, 6-3.

Се вчитува...