Претседателот на Сион доби 14 меча суспензија за нападот врз телевизискиот водител

Претседателот на фудбалскиот клуб Сион, Кристијан Константин доби 14 натпревари суспензија поради физичкиот напад врз поранешниот тренер Ролф Фрингер, кој сега работи како телевизиски водител. Инцидентот се случи на 21. септември, во пресрет на мечот помеѓу Сион и Лугано во рамки од швајцарската Прва лига.

Константин има забранет влез на секакви фудбалски настани, а ќе мора да плати и парична казна од 100.000 швајцарски франци, откако беше фатен со камера како го удира Фрингер.

Фрингер потоа истакна дека 60-годишниот Константин го удрил неколку пати пред камерата да го сними моментот.

Се вчитува...