ПСЖ има намера да го задржи Матуиди

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да го задржи играчот за врска Блес Матуиди во своите редови и по јуни 2018 година. Искусниот играч за врска има уште една година од тековниот договор со „светците“, но потврди дека добил понуда за продолжување на соработката.

„Добив понуда од клупското раководство за да останам во Пари Сен Жермен и по истекот на тековниот договор. Искрено, сега најважно ми е да се фокусирам на игрите и да дадам се од себе за да ја одбраниме шампионската титула. Секако дека ПСЖ има приоритет во моите мисли, ќе ја разгледаме добро понудата и заедно со менаџерот и пред се со моето семејство ќе одлучиме што е најдобро“, изјави Блес Матуиди.

За услугите на Матуиди интерес покажува и Јувентус, кој сакаше да го доведе и минатото лето, како замена за Пол Погба кој замина во Манчестер јунајтед. Доколку тој не ја прифати понудата на Пари Сен Жермен, сигурно ќе биде продаден во летниот преоден рок, за „светците“ да заработат на неговото заминување.

Се вчитува...