ПСЖ не застанува, тргнува по нов „капиталец“

Навивачите на ПСЖ слават со реализираниот мегатрансфер на Нејмар, но челниците на францускиот клуб се подготвуваат за доаѓање на уште едно врвно засилување, се со цел не само „светците“ да се вратат на тронот во домашното првенство, туку и конечно сериозно да го нападнат пехарот во Лигата на шампионите.

Откако со Нејмар е значително засилен нападот, сега „светците“ погледите ги насочуваат кон голманската позиција – поточно кон Јан Облак. Француските медиуми тврдат дека веќе имало контакт меѓу ПСЖ и Облак, но Словенецот не сака да влегува во проблеми со својот клуб Атлетико Мадрид. На потег се „јорганџиите“ кои немаат намера да го продадат својот прв голман, но во неговиот договор има клаузула за заминување од 100 милиони евра.

Неверојатна сума за еден чувар на мрежата, но неверојатни беа и оние 222 милиони платени за Нејмар.

Се вчитува...