Работнички преку Тетово во Европа, Вардар шампионски

Работнички ремизираше (2-2) на дербито против Шкендија во Тетово и го осигура пласманот во Европа следната сезона. „Романтичарите“ имаа водство од 0-2 на овој меч, кој се играше пред празни трибини, со головите на Кире Маркоски во седмата минута и на Иван Вуковиќ во 41.минута, но Марјан Радески со два гола во вториот дел успеа да ја спаси Шкендија од пораз. Голманот на Работнички, Дамјан Шишковски, му одбрани пенал на Ферхан Хасани.

vardar - renova 32Вардар оствари триумф над Ренова од 2-0 на „Филип Втори“. Гостите се држеа во првото полувреме, но во вториот дел Барсегјан во 54.минута и Боарето во 64.минута постигнаа два гола за триумф на „црвено-црните“.

vardar - renova 33Победа и Шкупи освоија по три бода во трката за директен опстанок. Победа славеше со 4-2 против Македонија ЃП, додека Шкупи на Чаир ја совлада Брегалница со 3-0.

Прилепскиот тим со головите на Ристевски и на Илијовски обезбеди водство од 2-0 на полувремето, а во вториот дел беа постигнати уште четири гола, по два во двете мрежи. На овој меч имаше и три црвени картони, за Карчески од домашниот тим, и за Трајче Стојковски и за Матеј Цветановски од Македонија ЃП.

Шкупи славеше со 3-0 против Брегалница, кршејќи го отпорот на штипјани во вториот дел. Бајрами, Асани и Јаневски беа стрелвци на головите за Шкупи.

Шест гола беа постигнати во Кратово, а Силекс и Пелистер ги поделија бодовите, играјќи 3-3. На овој натпревар Баже Илијоски во 65.минута ја затресе мрежата на кратовскиот прволигаш и стана најдобар стрелец во историјата на Првата лига, со 126 гола. Тој го надмина досегашниот рекорд на Зоран Бошковски – Чоко, кој има постигнато 125 гола во прволигашка конкуренција.

Силекс трипати имаше водство на овој меч, преку Кастратовиќ, Глигор Глигоров (пенал) и Мишевски (автогол), но Пелистер израмнуваше со головите на Лукас, Бујчевски и на Баже Илијоски.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА, 34.КОЛО

ВАРДАР – РЕНОВА 2-0

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-2

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 3-3

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3-0

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-2

Табела: Вардар 79, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Се вчитува...