Радовиш влезе во кошаркарската елита (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Радовиш со фантастични игри во вториот дел од сезонава успеа да обезбеди влез во елитното кошаркарсско друштво, откако оваа екипа вечерва славеше на дуелот со Карпош со 81-67. Радовишани по првиот дел од сезоната се наоѓаа на шестото место, но по соработката со Блоко Техна и ангажманот на неколку кошаркари од гевгелискиот клуб тимот на Радовиш одигра фуриозно во последните неколку месеци, бележејќи девет победи во низа и на едно коло до крајот осигурувајќи го второто место, кое значи преселба во повисок ранг на натпреварување.

Вечерашниот дуел беше решен веќе во првата четвртина, што домашниот тим ја одигра во фуриозно темпо, добивајќи го со 30-6. Остатокот од натпреварот беше рутина за оваа екипа, која на одмор замина со 56-27, за по опуштањето во второто полувреме на крајот да триумфира со конечни 14 поени разлика.

[new_royalslider id=”599″]

Се вчитува...