Рајковиќ со Остров во полуфиналето од плејофот

Емил Рајковиќ продолжува со одличните настапи на клупата на Остров, екипа што целосно ја препороди по своето доаѓање, па сега и ја внесе во полуфиналето од плејофот во полскиот шампионат.

Благодарение на македонскиот стратег екипата на Остров го заврши регуларниот дел од сезоната на третото место, за на стартот од плејофот со „метла“ да го реши тимот на Даброва. По двете домашни победи, избраниците на Рајковиќ вечерва славеа и на гостински терен со 76-85, за максимални 3-0 во победи.

Следен предизвик за македонскиот стручњак и неговите избраници најверојатно ќе биде плејоф-серија со Зиелона Гора, екипа што има водство од 2-0 во четвртфиналната серија со Полфарма.

Се вчитува...