Рангирање на ЕХФ: Вардар ја има најдобрата одбрана во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Рангирање на ЕХФ: Вардар ја има најдобрата одбрана во ЛШ

Рангирање на ЕХФ: Вардар ја има најдобрата одбрана во ЛШ

Во пресрет на новата сезона во Лигата на шампионите, на официјалниот сајт на Европската ракометна федерација се прават анализира во различни сегмети во играта на учесниците во ЛШ. Во последното рангирање фокусот е на одбраната, а актуелниот европски шампион во ова рангирање е на првото место. Раул Гонзалес со Вардар потстави „школски пример за одлична одбрана“, како што велат во описот на сајтот на ЕХФ.

Одбраната на Вардар се истакнува во сите три елементи: тактички, физички и ментално. И не е одлична само поради Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ, Вуко Борозан и сличните на нив. Тимот  на Раул Гозналес прими најмалку голови во сезоната 2016/2017 и создаде најмногу шанси од нивната одбрана и транзиција, повеќе од сите други екипи во ЛШ. Во претстојната сезона, се очекува уште повеќе од одбраната, бидејќи со доаѓањето на Даинис Криштопанс се нагласува тактичкиот пристап што го доведе македонскиот тим до трофејот“ – стои во описот на Вардар на официјалниот сајт на ЕХФ.

Топ 1о одбрани во ЛШ:

  1. Вардар
  2. Пари Сен Жермен
  3. Телеком Веспрем
  4. Барселона
  5. ПИК Сегед
  6. Фленсбург
  7. Кил
  8. ППД Загреб
  9. Рајн Некар Левен
  10. Кјелце

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.