Раул: Фала ти Јоно, што дојде кога ни требаше…

Ацо Јоноски даваше изјава за новинарите по големата победа над Чешка, кога „збор побара командантот“. Раул Гонзалес реши да ја искористи можноста, за пред Јоноски лично да му се заблагодари на специјалистот за игра во дефанзива што и помогна на репрезентацијата на овој натпревар.

Шпанецот во ситуација кога не можеше да смета на повредениот Маркоски самиот го контактираше Јоноски, кој уште еднаш покажа дека репрезентативниот дрес е светост за него.

Сакам јавно да му се заблагодарам на Јоноски. Му се јавив и побарав помош, а тој ми кажа да не се грижам, дека ќе дојде. Навистина, штом ги заврши обврските го фати првиот лет и беше овде со нас, да ни помогне кога е најважно“ – истакна Раул Гонзалес.

Се вчитува...