Револт од судењето и во Штип: Маркоски го уништи мечот!

По револтот од таборот на Силекс за досудениот пенал во судиското продолжение на мечот со Победа во Прилеп, револт од делењето на правдата и во Штип. Брегалница, во трката за опстанок, не испеа да слави против Пелистер играјќи 1-1, а шефот на стручниот штаб на „сините“, Никола Кузманов вели дека на тоа му кумувала и судиската тројка.

„Не можам да искажам никаква замерка за залагањето на моите фудбалери на мечот со Пелистер. Посебно затоа што очигледно беше дека против себе го имаат и судијата Марјан Маркоски кој го ‘уништи’ фудбалот. Донесе многу сомнителни одлуки во второто полувреме, а на голот кој го постигна Пелистер преку Лукас му претходеше очигледен прекршок врз Ранѓеловиќ. Нека ги погледнат надлежните видео снимките и се ќе им биде јасно“ – истакна по мечот Кузманов.

Во таборот на Пелистер, пак, задоволни од ремито во Штип…

„Реално реми. Брегалница сосема заслужено поведе, а ние бевме подобри во второто полувреме и стигнавме до бод. Посакувам Брегалница да обезбеди опстанок затоа што Штип заслужува прволигашки фудбал“ – истакна стратегот на „пелистерци“, Наџи Шенсои.

Се вчитува...