РФМ потврди – Филип Талески ќе игра на младинското СП во Алжир

Филип Талески и дефинитивно ќе игра за младинската репрезентација на Македонија на претстојното СП (У21) што ќе се одржи во Алжир од 18 до 30 јули. Од Ракометната федерација на Македонија денеска потврдија дека е најден заеднички јазик со Рајн Некар Левен за настапот на македонскиот капитен на СП.

Поради почетокот на подготовките на германскиот шампион во истиот период со младинското СП, беше неизвесно дали Талески ќе биде на располагање на селекторот Илија Темелковски, но дилемата сега е дефинитивно разрешена. Талески ќе биде ослободен од обврските во првите два дена од подгототовките и од сабота ќе и се приклучи на репрезентацијата на тренринзите во Маврово.

Младинската репрезентација на Македонија од денеска стартува со подготовките пред СП во Маврово каде ќе бидат до 6 јули. Генералната проверка пред настапот на Мундијалот младинците ќе ја имаат во двата контролни натпревари со селекцијата на Катар во Доха (10-11 јули). Селекторот  Илија Темелковски во подготовките пред СП повика 19 ракометари.

Се вчитува...