Руската „Анџелина Џоли“ метеше за бронза во Пјонгчанг

Атрактивната руска олимпијка Анастасија Бризгалова која по својот изглед неодливо потсетува на актерката Анџелина Џоли, го освои својот прв медал на Олимписките игри во Пјонгчанг. Бризгалова настапува заедно со својот сопруг Александар Крушелнички во карлинг – мешани двојки.

Оваа дициплина за прв пат е вклучена во олимписките натпреваро и е прва во карлинг на ЗОИ во Пјонгчанг на која беа поделени медали. А, со брознениот медал под олимпиското знаме на подиумот заврши руската брачна двојка.

Бризгалова (25) дипломира на Факултетот за спорт и физичка култуира во Санкт Петербург, а сега студира и на Факултетот за сообраќај. Со карлинг почна да се занимава во 2009 година, привлечена од рекламното пано во една од салите. Но, тоа што почна како обична радозналост, на крај се претвори во професионална преокупација и исклучително успешна спортска кариера во карлинг, крунисана со светска титула и со олимписки медал. По освојувањето на Светското првенство, Бризгалова , како и нејзиниот партнер 25-годишниот Александар Крушелнички, добија почесна титула „магистер по спорт“.

Руската двојка до бронзениот медал во Пјонгчанг стигнаа со шест победи и три порази. Симпатичната Анастасија Бризгалова посебно емотивно го доживуваше секое фрлање, а фотографите го „фаќаа“ секое двиќење на руската „Анџелина Џоли“.

„Многу е важно што сме семејство, заедно сме во ова и поради тоа можевме полесно да го поднесеме вчерашниот пораз во полуфиналето. Сакавме да дојдеме овде и да одиграме меч на кој можеме да бидеме горди“ – изјави Анастасија Бризгалова по освојувањето на олимписката бронза.

Се вчитува...