Се разбуди Хамес Родригез (видео)

Хамес Родригез конечно ги надмина проблемите со повредата и почна да прикажува игри за Баерн какви што се очекуваат од него по трансферот од Реал Мадрид. Колумбиецот вечерва за првпат стартува на еден меч од Бундес-лигата, на гостувањето против Шалке и веднаш остави свој печат на мечот, погодувајќи за водство на Баерн од 0-2.

Тоа е негов прв погодок во германскиот шампионат, откако претходно над него беше направен пеналот со кој Левандовски го отвори резултатот во Гелзенкирхен.

James Rodriguez Amazing Goal HD – Schalke 0-2… by footballTV

Се вчитува...