Седлоски: Им кажав да веруваат во себе, и ме послушаа!

Вардар е во третото коло од квалификациите за ЛШ. Си обезбеди долго европско лето со елиминацијата на шведскиот првак Малме. Струмица стана талична, откако „црвено-црните“ славеа со 3-1. Розенберг го доведе Малме во водство во 16.минута, но Грнчаров израмни во 56.минута, а Барсегјан донесе предност за македонскиот првак во 61.минута. На самиот крај, Бобан Николов ја запечати победата на Вардар.

Тренерот Гоце Седлоски е задоволен од триумфот, и од изданието на својот тим, посебно во второто полувреме, кога се случи пресвртот.

„Честитки за фудбалерите, благодарност за навивачите кои френетично не бодреа. И во најавата на овој меч реков дека ќе биде тешко, дека Малме е одличен тим. Тоа се покаѓа и на овој реванш. Но, исто така, им реков на фудбалерите на полувремето да веруваат во себе, и ме послушаа. Одигравме храбро во второто полувреме, не врати во игра голот на капитенот Бобан Грнчаров, а потоа многу брзо успеавме да стигнеме и до водство. Ни беше многу важно да го минеме ова коло, сега не очекува најверојатно ФК Копенхаген, кој е уште поквалитетен тим, и ќе се надигруваме и со нив“, изјави тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, на прес – конференцијата по елиминацијата на Малме.

Се вчитува...