Што точно се случуваше меѓу „Гробарите“: Нападнаа, па потоа буквално ги прегазија! (ВИДЕО)

Грдите сцени од стадионот на Партизан каде за време на „вечното дерби“ дојде до судир меѓу фракции на „Гробарите“, го обиколија светот.

Ден по инцидентот, веќе е далеку појасно што точно се случи на трибините. Видео снимките покажуваат дека „предизвикувачите на инцидентот“ кои наводно припаѓаат на групите „Вандал бојс“ и „Јужни фронт“ први појдоа во „јуриш“ против најголемата група на партизанови „Гробари“ наречена „Алкатраз. Сето тоа во битката за превласт меѓу „Гробарите“.

Но, набрзо оние од „Алкатраз“ ја опколуваат помалата група веднаш ја напаѓаат и ја потиснуваат до дното од трибината каде следи пребивање, па палење со пиротехнички материјали и на крајот соблечени до гола кожа и потоа исфрлени од трибината.

Судирите меѓу фракциите кај „Гробарите“ траа десеттина година и обично ескалираат токму на дерби дуелите со Црвена Звезда. Овој пат „Вандал бојс“ облечени идентично со црни тренерки, маскирани лица и бели пруги на рамениците се одлучија да нападнат, но на крајот беа буквално „унакажени“.

Хулиганите околу групата „Алкатраз“ во моментот на нападот почнале да викаат дека се нападнати од маскирани „Делии“ па добиле поддршка и од неутралните фракции меѓу „Гробарите“. Така „Вандал бојс“ повеќекратно бројчано надминати беа демолирани. Некои од нивните водачи не успеаја на време да се повлечат, па беа одвлечени под трибината каде беа претепани, соблечени до гола кожа, а облеката им беше запалена. Потоа голи и боси беа исфрлени на тартан патеката.

На партизановиот „Југ“ долги години страв и трепет беше Александар Станковиќ наречен Сале Мутави, кој минатата година беше убиен. Дел од „Гробарите“ не го сакаат затоа што беше еден од водачите на навивачите на Црвена Звезда претходно, но не можеле да му се спротистават. По неговото убиство уапсен е и Вељко Беливук кој му бил десна рака па останатите фракции почувствувале дека водството на „Алкатраз“ е ослабено. Нападнаа кога никој не очекуваше, но не успеаја во превратот…

Во инцидентот едно лице еден навивач бил буквално „унакажен“. Бил со откинат нос, избиени буквално сите заби и едно скинато уше. Така е пренесен на неврохирургија во Белград, каде е наводно надвор од животна опасност…

Се вчитува...