Силекс ги започна подготовките, Недељковиќ се појави на првиот тренинг - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
22/09/2017 19:52
Кошарка
22/09/2017 16:07
Фудбал
22/09/2017 11:53
Фудбал
21/09/2017 23:50

Силекс ги започна подготовките, Недељковиќ се појави на првиот тренинг

Силекс ги започна подготовките, Недељковиќ се појави на првиот тренинг

Кратовскиот прволигаш Силекс денеска го одржа првиот тренинг после зимската пауза, со цел играчите да влезат во натпреварувачки ритам. Со екипата на стратегот Жикица Тасевски тренираше и напаѓачот Игор Недељковиќ, кој се уште чека на трансфер, а и не е исклучена можноста тој да остане во клубот.

„Временските услови се лоши, но инсистирав денеска да го имаме првиот тренинг во новата година. Недељковиќ го одржа првиот тренинг со нас и се уште чека на трансфер. Некои работи се комплицираа, па не се исклучува шансата тој да остане кај нас до крајот на сезоната. Во текот на наредните денови ќе се знае точно за пријателските натпревари и дали остатокот од зимските подготовки ќе го одржиме во нашата држава или не“ – истакна Тасевски.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.