Симеоне потврди, останува во Атлетико Мадрид

Аргентинскиот стратег Диего Симеоне и следната сезона ќе го предводи Атлетико Мадрид. Иако имаше понуди од Интер и од ПСЖ, тој ги одби, а синоќа и официјално потврди дека ќе остане на клупата на Атлетико Мадрид најмалку уште една сезона.

„Останувам во Атлетико Мадрид. Останувам затоа што овој клуб има иднина, а идината е светла ако сите ние останеме заедно. Благодарност до навивачите за поддршката што ја имавме во текот на сезоната, следната ќе се потрудиме да бидеме уште поуспешни“, изјави Диего Симеоне.

Во текот на оваа седмица Диего Симеоне ќе има официјална средба со претседателот Мигуел Анхел Гил Мартин и со спортскиот директор Андреа Берта, на која ќе бидат договорени и насоките на планот за летните засилувања и подготовките за следната сезона.

 

Се вчитува...