Случајно го турна жолтиот картон на судијата, па доби црвен

Фудбалерот на Лион, Марсело, го доби еден од најбизарните црвени картони сезонава. На гостувањето против Амиен тој доби жолт картон за старт пред работ на шеснаесетникот. Марсело разочарано одмавна со раката, па случајно му го турна картонот од раце на судијата, кој без многу размислување веднаш го извади црвениот картон од џебот и го испрати гостинскиот играч на ладење.

Марсело беше вистински трагичар на својот тим бидејќи Лион до моментот на исклучувањето (50. минута) имаше предност од 1-3, но домаќините со играч повеќе успеаја да стигнат до израмнување на 3-3.

Се вчитува...